



Revalid® регенеративна маска
Revalid® регенеративната маска е третман за интензивна нега. Формулата е збогатена со хранливи состојки како пантенол, алантоин, пченични протеини и екстракт од овес кои навлегуваат длабоко во косата за да ја обноват виталноста на косата одвнатре кон надвор. Маската Revalid® ја зајакнува оштетената коса, го намалува ризикот од кршење и остава чувство на свиленкаста и мека коса. Со редовна употреба може да ги намали свитканите и разделени врвови. Таа е совршен додаток на Revalid® шампонот и Revalid® балсамот. Не содржи парабени и сулфати.


КУПИ ОНЛАЈН ПРОНАЈДЕТЕ АПТЕКА СИТЕ ПРОИЗВОДИ
АКТИВНИ СОСТОЈКИ

ПАНТЕНОЛ
Пантенолот докажано ја стимулира пролиферацијата на кожни фибробласти и го забрзува обновувањето на клетките. Исто така, помага косата да ја апсорбира и задржува влажноста. Како таква, оваа состојка може да помогне да се обнови оштетената коса и да се намалат разделените краеви и истенчувањето, како и да ја зголеми еластичноста на косата.
AЛАНТОИН
Алантоинот го смирува скалпот и го унапредува создавањето на клетките, подобрувајќи го обновувањето на кожата на скалпот.
ПРИРОДНИ ЕКСТРАКТИ
Есктрактите од пченични никулци содржат протеини и аминокиселини кои ја негуваат и зајакнуваат косата. Исто така, помагаат да се врати изгубената влажност и да се спречи понатамошно оштетување. Avena sativa екстрактот од овес делува на смирување на црвенилото и иритацијата.
НАЧИН НА УПОТРЕБА
После миењето на вашата коса со шампонот Revalid® едноставно нанесете ја маската подеднакво на целата глава. Оставете да постои пет до десет минути пред да ја исплакнете целосно. Употребувајте ја два пати неделно за најдобри резултати.
